-->
-->
Фојц победи на спустот во Кицбил
-->

Ветеранот Беат Фојц го победи својот швајцарски сонародник Марко Одермат на неверојатниот спуст на патеката Штрајф во Кицбил, кој за разлика од петочната трка, овојпат стартуваше од врвот, за првпат по 30 години двајца Швајцарци да се на првите две места на легендарната падина Ханенкам.
Ова е 16. победа од Светскиот куп и трета на спустот во Кицбил, со што влегува во елитната група на скијачи со хет-трик на најпознатиот спуст на светот покрај Дидие Куш (5), Франц Кламер (4), Доминик Парис (3), Франц Хајнцер (3), Карл Шранц (3), Лук Алфан (3) и Пирмин Цурбриген (3).
На лидерот во генерален пласман, 24-годишниот Марко Одермат, првата победа во Кицбил му избега за 0.21 секунди, но за утеха беше тоа што го зголеми водството во генерален пласман. Честа на Австријците ја одбрани Даниел Хеметсбергер со 0.9 секунди послабо време за прв подиум во неговата кариера.
Олимпискиот шампион, Австриецот Матијас Маер повторно беше четврти како во петокот, пред Фрацузинот Жоан Кларе и победникот од петокот, Норвежанецот Александер Омот Килде.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
