Флоранс Парли: И Европа може да биде цел на Северна Кореја
Француската министерка за одбрана Флоранс Парли денеска изјави дека и Европа, како и САД, може да биде цел на балистичка ракета од Северна Кореја.
Министерката Парли во изјава за француската телевизија БФМ рече дека „Пјонгјанг со испалување на интерконтиненталната балистичка ракета ја покажа својата растечка моќ“.
- Европа, исто како и САД, сигурно е ци радиусот на тие ракети, рече француската министерка и додаде дека главните градови на западна Европа би можело да бидат цел.
Флоранс Парли смета дека меѓународната заедница би требало да продолжи со санкциите спрема Северна Кореја. - Важно е цел свет да ги спроведе тие санкции, вклучувајќи ги и Русија и Кина, додаде Парли.
Изрази увереност дека исходот од ситуацијата на екстремна напнатост може да биде решен само по дипломатски пат.
- Пред да дојдеме до дијалог со Северна Кореја, мора да создадеме рамнотежа на моќ, рече министерката Парли.
Ново на Сител
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници