Флик: Не беше лесно по црвениот картон, но издржавме
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го искажа своето видување за синоќешниот натпревар со Бенфика во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Каталонците во Лисабон забележаа победа со 1:0 иако од 22. минута играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Пау Кубарси.
- Многу сум горд на играчите. Одлична тимски натпревар. Нашиот голманот беше извонреден. Шчесни сега е поинаков, тоа е очигледно. Со секој натпревар тој станува посамоуверен, а ние подобро се браниме. Знам дека е способен да игра на ова ниво, бидејќи го гледам на тренинзи секој ден. Јас сум многу среќен за него. Се браневме како едно. Не беше лесно по црвениот картон, но одлично се држевме. Ни останува да го одиграме реваншот. Бенфика е добар тим, не смееме да ја изневериме нашата публика, изјави Флик за сајтот на УЕФА.
Реваншот ќе се одигра на 11 март во Барселона.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор