Флабурарис: Да ја разграничиме историјата со сложено име и без иредентизам

Се обидуваме да ја разграничиме историјата, со сложено име, без иредентистички аспирации во секојдневието и Уставот на соседната земја, вели грчкиот министер без ресор, Алекос Флабурарис во интервју за весникот „Неа селида“.
Говорејќи за протестите за „одбрана на името Македонија“, јавува дописникот на МИА од Атина, Флабурарис, потенцира дека „на ниту еден политичар не му се допаѓа конфронтација со емоциите на народот, особено за едно особено чувствително прашање“, но вели дека конкретниот случај е во интерес на земјата, а со тоа и на целото општество.
- Немам впечаток дека поголемиот дел од грчкиот народ не знае дека разговорите за името на ПЈРМ не се случуваат сега за прв пат. Тоа е дискусија што трае децении во која соседите веќе имаат стекнато името и она што се обдуваме е да ја разграничиме историјата, со сложено име, без иредентистички аспирации во нивното секојдневие и во нивниот Устав. – објаснува министерот без ресор на Грција, задолжен за координација на работата на владата.
Ново на Сител
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
-

„Окта“ повторно воведува попуст - два денари за бензините до средината на јуни
-

Министерот Ристовски упати честитки за млади борачи – медлисти на ЕП У15, борењето има иднина!
