-->
-->
ФК Вардар со Велигденски подарок за младите фудбалери
-->

По повод големиот христијански празник Велигден, ФК Вардар на најмладите во Македонија им подарува Фудбалска академија со највисоки светски стандарди.
Фудбалската академија ФК Вардар, е институција за развој на млади фудбалски индивидуи кои директно треба да влијаат на фудбалската иднина во Македонија. Работата е организирана според стандардите на еминентните клубови кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите – која исто така е цел и план на ФК Вардар. Овој проект е од суштествено значење за националните интереси на Р. Македонија поради фактот што секое детенце кое е член на Фудбалската академија Вардар е 100 отсто потенцијал да стане македонски репрезентативец.
Социјалниот апсект од реализацијата на овој капитален објект е директниот инпут кон развој на спортот и здрави спортски навики кон младите, а исто така овој проект е директна бариера на младите од актуелните пороци на 21-от век кои се застапени насекаде на светот, па и во Република Македонија.
Голема чест ни е да Ве информираме, дека институција од овој тип се гради за прв пат во историјата на Република Македонија и ќе биде локален и регионален лидер во креирањето на нови фудбалски надежи. Од компаративен аспект би сакале да потенцираме дека најблиску во регионот академија од ваков тип има фудбалскиот клуб Партизан, кој реално продуцира фудбалски таленти и е дел од еминентните фудбалски натпреварувања како Лигата на Европа и групната фаза на Лигата на шампиони.
“Објектот е проектиран од Балкан Груп Констракшн. Се работи за модерен дизајн во елипсовидна форма, согласно со просторот и во насока на визуелна адаптација со Националната Арена Филип Втори. Фудбалската академија ФК Вардар е со површина од 1152m2 во кој се сместени 6 соблекувални за децата и тренерите, простор за видео презентации, администатиен простор и други помошни простории. Сите останати простории се опремени централна вентилација со греење и ладење, како и со подно греење. Обезбедени се 50-тина паркинг места, за потребите на објектот. Објектот е осветлен со лед светилки, кои навечер даваат посебен ефект и амбиент. Во екстериерот и ентериерот на објектот доминираат црвената и црната боја и амблемите како симбол на ФК Вардар” изјави Марио Кофилоски директор на Фудбалската академија ФК Вардар на денешната презентација на овој објект кој е од есенцијална важност за развојот на фудбалот како спорт во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Малолетник со мотоцикл удрил во 74-годишна жена во Кочани
-

Мицкоски: Нема цена што може да ме натера да влезам во авантура без извесен крај за преговорите со ЕУ
-

73-годишна жена од Струга се онесвестила на пат и удрила во товарно возило
-

58-годишник од с.Брвеница полово вознемирувал 15-годишно девојче во комбето со кое вршел превоз на патници
-

Татко и чичко по расправија пукале кон објект на нивниот син на патот Сарај - Матка
-

По извештајот на ДЗР, директорката на ИЈЗ со надеж дека ЈО ќе реагира за неправилностите во Институтот
-

Pаст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
-

Мицкоски: Македонија забрзува и мора да оди напред, со скромни ресурси правиме многу
