Фјури ќе заработи 20 милиони од мечот со Вајлдлер
Нова сензација за љубителите на боксот секако е пресметката помеѓу еден од најбараните боксери на денешницата Тајсон Фјури и Донтеј Вајлдлер кој е на програмата во Њујорк, на 18 мај годинава, а Фјури од овој меч ќе инкасира неверојатни 20 милиони фунти.
Првиот дуел меѓу двајцата боксери заврши со контроверзно реми, а Флојд Мејведер беше згрозен од резултатот.
Фјури по нерешениот меч инсистираше хонорарот од 7 милиони фунти да го подари во добротворни цели.
„Јас го правам тоа да удирам луѓе, не сакам надокнада за тоа и не сакам за тоа да се зборува за мене како добротвор“ – рече Фјури во декември.
Тој рече дека Вајлдлер и неговиот тим го потцениле.
„Тие мислат дека јас доаѓам само за да соберам некоја фунта“ – вели тој.
Победникот од нивниот римеч, според непотврдените информации, ќе има можност да се бори за ВБА, ИБФ и ВБО шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа.
Џошуа во својот претходен меч го совлада Русинот Александар Поветкин со нокаут во седмата рунда.
Ново на Сител
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот