Физички нападната косовската новинарка Џара
Новинарката и од неодамна член на Демократската партија на Косово, Арбана Џара синоќа пред полноќ е физички нападната од неколку лица во Приштина.
Таа, во тешка состојба била пренесена во Универзитетската болница и според последните информации нејзината здравствена состојба е стабилна.
Џара, која е поранешен главен уредник на приштинскиот весник „Зери“ и претходно добивала закани.
Во врска со нападот врз Џара регираше претседателот Хашим Тачи, кој на својот профил на Фејсбук пишува дека е вознемирен и загрижен поради нападот врз новата членка на ДПК, дека нема оправдувања за нападот и бара итно расветлување на случајот.
- Целосно е непрфатлива и е за секаква осуда примената на сила и за тоа нема оправдување. Како општетво нема да дозволиме насилството да биде средство на изразување на наше незадоволство, наведува Тачи.
Спред него,овој низок чин не е закана само за Арбана и нејзиното семејство, туку и за начелата и вредностите на демократијата врз кои се гради косовското општество.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник