Физички нападнат косовскиот новинар Парим Олури
Косовскиот новинар и директор на порталот „Инсајдери“, Парим Олури, познат по извештаите за корупција синоќа е физички нападнат.
Олури во инцидентот се здобил со полесни повреди и е хоспитализиран.
- Тоа е напад врз слободата на медиуми, истакна Олури, додавајќи оти се уште не е познат мотивот за нападот, но оти причина би можело да бидат неговите текстови.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го осуди нападот наведувајќи оти „новинарите треба да бидат слободни да изразат поинакво мислење без страв од насилство или физички повреди“.
Косовската асоцијација на новинари апелира до властите да ги пронајдат напаѓачите.
Нападот го осуди и претседателот на Косово, Хашим Тачи.
- Новинарите не би требало да бидат обесхрабрени од такви криминални акции. Треба да биде спротивно, истакна Тачи.
Порталот „Инсајдери“ е еден од водечките онлајн медиуми во Косово кој пишува за корупцијата меѓу водечките косовски претставници.
Нападот уследи само неколку дена откако Олури објави текст во кој ги обвинува за корупција некои од поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип