-->
-->
ФИТР: Грантови за 34 основни и средни училишта
-->
Потпишани 34 договори за млади истражувачи од основни и средни училишта за финансирање преку Фондот за иновации. Ова е втор јавен повик „Предизвик за млади истражувачи“, наменет за иновативни проекти на младите истражувачи.Премиерот Зоран Заев најави дека ваквите јавни повици како поттик за младите истражувачи ќе продолжат и наредната година.
Директорот на Фондот за иновации Јован Деспотоски вели дека 54 училишта до сега користат пари од Фондот за реализација на иновативни проекти, во вкупна вредност околу 17 милиони денари.
Проектите се од сите области кои се однесуваат на иновативни идеи за земјоделство, екологија, заштита на животна средина итн. Ова според него, е отскочна даска за идните иновативни претприемачи.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сончево и постудено утро, до 25 степени во текот на денот
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
