Фишер повикува македонско-грчката граница да остане затворена
Претседателот на Австрија Хајнц Фишер, во изјава за МИА во Стразбур, вели дека границата меѓу Македонија и Грција мора да остане за големиот број мигранти кои се наоѓаат во нашиот јужен сосед, и дека не смее да се дозволи повторно воспоставување на балканската рута.
-Ставот на Австрија е сличен на ставот на Словенија, Хрватска, Србија и другите земји на таа рута, а тоа е дека патот од Турција преку Грција кој водеше право до Германија, и преку кој поминаа стотици илјади луѓе, е неприфатлив. Само во четири месеци во 2015 година 800.000 луѓе минаа преку таа рута. Тоа е неприфатливо и не може да се контролира. Доколку Германија уште донесе одлука да го ограничи пристапот до нејзина територија, тоа ќе предизвика вистинска катастрофа. Затоа, нашата заедничка одлука беше да се намали опасноста од ваква разврска и како резултат на одлуката, бројот на бегалците се намалува и состојбата стана поднослива во Хрватска, Словенија и другите земји, изјави претседателот Фишер за МИА.
Запрашан за состојбата со големиот мигрантски камп на грчката страна од границата кај Гевгелија, Фишер вели дека мора да се изнајде европско решение. - Проблемот во Грција, кој се проширува кон грчко-македонската граница, е трагичен и ние не сме слепи околу тоа прашање. Но, ова мора да се реши со европски постапки. Ги знаете мерките кои се определени. Не ја занемаруваме хуманитарната димензија. Но, оваа состојба на одврзани раце, да ги пуштаме да одат кој каде сака, тоа веќе не е возможно, изјави Фишер.
Околу 10.000 мигранти се уште кампуваат на границата блиску до граничниот премин кај Гевгелија. Вкупно над 50.000 мигранти се наоѓаат во Грција, во очекување дека границата повторно ќе биде отворена за премин кон Германија.
Ново на Сител
-
Тримесечно бебе почина во Шуто Оризари
-
Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева