Фирмите бараат примена, а не постојана промена на законите во градежништвото и планирањето
Да се обезбеди практична примена на регулативата за градежно земјиште, постапките за градење и за просторното планирање и да не се менуваат често, бараат компании од градежништвото, туризмот и текстилната индустрија при Стопанската комора на северозападна Македонија.
- Градежништвото е еден од најсилните сегменти кој носи бенефит во економијата на државата. Законите во Македонија на некој начин се добри, но ќе треба подобро да се применуваат. Имаме барање од компаниите да нема чести промени на законите кои го отежнуваат нивното секојдневно работење, изјави Неби Хоџа, претседател на Стопанската комората на северозападна Македонија.
Фирмите, посочи, укажуваат на неспроведени решени судски спорови, како и на проблеми при впишување на сопственоста на земјиштето. Проблемите треба да се решат до крај, односно законите не се проблем, туку нивната практична реализација, потенцира Хоџа.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изрази подготвеност за прифаќање на сите идеи, предлози и иницијативи со кои ќе се подобри регулативата од оваа област, а за која проблематика е формирана работна група. Целта е да се направат квалитетни измени кои ќе го подобрат работењето на компаниите, а граѓаните да можат да си ги остваруваат правата. - Сметаме дека е потребно да се олеснат постапките за одобрение за градење, постапките за дел од останатите барања предвидени во Законот за градење, како и делот на ревидирање на казнената политика, рече Сугарески, потенцирајќи дека е важно заеднички да се утврди како да се подобри примената на законите.
- Нема да дозволиме во наредниот период заради лични интереси да се менува Законот за градење, кој е променет над 27 пати, повтори Сугарески.
Формираното тело со претставници на државни институции, комори, факултети, невладиниот сектор, изминатиот месец вршеле проверка на целата материја. По сеопфатната анализа на досегашните закони во наредниот период, според Сугарески, точно ќе се утврди во кои насоки ќе се спроведуваат реформи за да се создаде нова функционална легислатива лесно приспособлива на новите потреби и стандарди.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
-
Нови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела, намалување за 5,3 проценти во однос на претходната недела
-
Вреди: М-НАВ - фамилијарна пирамида на ДУИ каде со правилно презиме се добива дебела плата
-
Утре и во сабота стабилно со многу ниски утрински температури, од недела наоблачување
-
Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД