Фудбал
2. February 2017 - 9:53

Фиорентина подобра од Пескара во заостаната дуел во Серија А

Фиорентина ја победи Пескара со 2:1 синоќа на гостински терен во заостанат натпревар од 19.коло во италијанската Серија А.
 
За „виолетовите“ од Фиренца ова беше десетта победа во првенството и сега со 37 бодови се зацврстија на осмата позиција.
 
Пескара остана на само еден триумф и е на последното, 20.место со само девет бодови или 12 помалку од Емполи која е првата екипа надвор од „зоната на испаѓање“.
 
Води Јувентус со 51 бод, Рома со 47 и Наполи со 45 бода.