Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море
Финските власти задржаа брод поврзан со Русија, кој моментално се наоѓа во фински територијални води, додека се истражува дали тој го оштетил електричниот кабел за пренос на струја во Балтичкото Море, како и неколку подморски кабли за пренос на податоци, соопшти денеска финската полиција.
Финската полиција и граничната служба утринава се качија на бродот „Eagle S“ и ја презедоа контролата врз него, изјави на прес-конференција началникот на полицијата во Хелсинки, Јари Лиуку.
Членови на крајбрежната стража се качија на бродот, регистриран на Кукови Острови, додека тој се наоѓал во Балтичкото Море, и потоа го пренасочиле во финските води, соопшти финската крајбрежна стража.
Финските власти на платформата Икс објавија фотографија на која се гледа брод на крајбрежната стража и рускиот танкер, додека финската царинска служба соопшти дека го запленила товарот на бродот.
Се верува дека „Eagle S“ е дел од таканаречената „руска флота од сенка“, составена од стари танкери кои се користат за избегнување на санкциите за продажба на руската нафта.
Истрагата е насочена кон сомнежот дека сидрото на бродот „Eagle S“ го оштетило кабелот, објави финскиот јавен сервис „YLE“, повикувајќи се на соопштението на полицијата.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас го нарече инцидентот „уште еден во низата сомнителни напади на критичната инфраструктура“ и ги пофали финските власти за „нивната брза акција“ во истрагата на сомнителниот брод.
Електричниот кабел „Естлинк-2“, кој ја пренесува струјата од Финска до Естонија преку Балтичкото Море, беше оштетен во средата.
Поправката на 170 километри долгиот подморски интерконектор „Естлинк-2“ ќе трае со месеци, а оштетувањето на овој кабел би можел да предизвика потешкотии во снабдувањето со струја во текот на зимата, соопшти финскиот национален оператор за пренос на електрична енергија „„Fingrid,,
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје