Финска: На невработените по 560 евра месечно
Финска стана првата земја во Европа, која и на невработените ќе им дава минимален износ на плата, по 560 евра месечно.
Тоа е дел од експерименталната социјална програма, која почна на 1 јануари заради намалување на државната бирократија и сиромаштијата, а за зголемување на вработувањето.
Оли Кангас од владината агенција за социјални прашања КЕЛА изјави дека таа програма ќе трае две години за околу две илјади случајно избрани граѓани, кои веќе се пријавени во Заводот за вработување.
Тие ќе примаат по 560 евра месечно, без никакви барања како да ги трошат или да ја пријавуваат потрошувачката, но за истата сума ќе им бидат намалени нивните евентуални други социјални примања.
Просечната плата во приватниот сектор на Финска ќе биде околу 3.500 евра.
Кангас изјави дека целта на експериментот е да се искорени немањето иницијатива меѓу невработените, односно нивиот страв од загуба на секаква помош, ако најдат некоја послабо платена работа, така што оние кои се избрани да примаат 560 евра месечно, тие пари ќе ги добиваат откако ќе се вработат.
- Мошне ќе биде интересно да се види дали тие храбро ќе се обидат да работат различни работи или како што велат критичарите ќе станат помрзеливи, знаејќи дека ќе ја добиват основната плата, додаде тој.
Кангас додаде дека подоцна тој експеримент би можел да ги опфати и вработените со помали примиања, како што се хонорарците и вработените со скратено работно време.
Стапката на невработеност во Финска, која има 5,5 милиони жители, во ноември изнесуваше 8,1 отсто, односно 213 илјади лица без работа, што е исто како и во 2015 година.
Ново на Сител
-
Трамп не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат
-
На северот на Газа се вратија над 300.000 раселени Палестинци
-
Средба меѓу Зеленски и Макрон за безбедносната соработка и натамошната поддршка за Украина
-
Без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Решение за дефицитот на биолошка терапија за онколошките пациенти најавено за оваа недела
-
Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти
-
Променливо облачно со магла по котлините
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе