Финска ги избра татковците на годината

Финското Министерство за социјална политика ги избра тројцата најдобри татковци за 2019 година. Двајца од нив се самохрани татковци.
Наградата е востановена 2006 година, а вниманието е насочено, пред сè, кон татковците кои успеваат во воспоставувањето рамнотежа меѓу работата и родителските обврски, како и мажите кои одгледуваат деца во тешки услови.
Хермај Хутијала е самохран татко од 2014 година, кога неговата сопруга починала и тој останал сам со четири деца. Петри Јакола, пак, кој растел со родители алкохоличари, исто така, е самохран, но примерен татко, на пет деца, како што соопштија организаторите на свеченоста.
Наградата со нив ја подели и Јука Лагерблом – вистински пример на „обичен татко“ за сите други татковци кои ги користат услугите на здружението Мијесакит, кое се занимава со помош и секојдневни совети за татковците.

Финска е единствената земја во светот во којашто, статистички, татковците на деца на училишна возраст, минуваат повеќе време со нив од мајките, се наведува во извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
