-->
-->
Финансискиот колапс на Бекер продолжува
-->

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, продолжува да се соочува со финансиски проблеми. Откако поради лоша инвестиција во нафтените компании во Нигерија загуби 100 милиони евра, весникот „Билд“ објави дека на површина испливал уште еден долг на Бекер од 35 милиони евра.
„Последен пат на оваа тема разговаравме во март 2015 година. Тоа беше последен обид да го решиме проблемот за да не мора да одиме на суд, но несогласувањата се непремостливи“, рекол бизнисменот Ханс-Дитер Клевен на кого Бекер, наводно, му должи пари.
„Бекер ми понуди недвижнини и имотот што го поседува во Шпанија, а јас му одговорив дека тоа веќе ми припаѓа мене. Потоа адвокатите дознаа дека тој имотот го ставил под хипотека за да земе неколку милиони. Морав да ја земам куќата на неговата мајка иако не сакав да одам толку далеку“, заклучил Клевен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
