Финансиска полиција поднесе кривична пријава против државен службеник во Министерството за животна средина
– Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на службено лице – раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение дека истиот во текот на 2021 година ја искористил својата службена положба.
– Раководниот државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање постапил спротивно на член 108 ст.1 и ст.8 од Законот за животна средина, на начин што без да биде извршен увид во инсталацијата и нејзината работа заради утврдување на исполнувањето на барањата согласно законските прописи, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка дозвола на ЈПДКО Дрисла Скопје, иако истите не поседувале соодветна опрема и инсталации за прием и третирање на 22 шифри на опасен отпад од наведените 36 во издадената дозвола, по што во текот на 2021 година во ЈПДКО Дрисла бил примен и третиран 16.900 килограми опасен отпад од неколку правни субјекти, со што пријавениот сторил и кривично дело Загадување на животната средина и природата согласно член 218 од Кривичниот законик на РСМ, а притоа наведениот правен субјект се стекнал со имотна корист во износ од 455.368 денари, се наведува во денешното соопштение од Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-

Од утре дожд, снег и ветер
