Finance Тhink: Целосно реализирани 18 (13%) од владините ветувања за една година
Во првата година од владината програма исполнети се 13% од ветувањата или вкупно 18, додека 37отсто или 51 ветување се во насока на исполнување, говорат податоците од едногодишното истражување на Finance Think и партнерите.
Следена е реализацијата на вкупно 139 ветувања, распоредени во пет приоритетни области: социо-економија, образование, здравство, млади и родова еднаквост.
Најголем напредок е постигнат во областа на образованието, каде 24% од ветувањата се исполнети, а 70% се во тек. Зад него следат социо-економските политики и политиките за млади, со по 9% реализирани ветувања. Реализацијата во здравство има поумерена динамика, три ветувања се реализирани и 5 во насока на исполнување. Најмал прогрес е забележан во областа на родовата еднаквост, каде што нема ниту едно активно или реализирано ветување.
Од Finance Think велат дека иако бројот на целосно исполнети ветувања е релативно мал, мерките кои се во насока на исполнување се задоволителни. Според нив, особено внимание треба да се посвети на ветувањата чие реализирање започна позитивно до крајот на 2024 година, но покажуваат ризици од отстапување во првиот квартал на 2025 – како што се стапката на инфлација и поголема наплата на средства во државниот.
Според истражувањето на граѓанскиот сектор спроведено последнава година, 80 проценти од граѓаните бараат отворање на нови работни места , подобрување на јавните услуги и повеќе слободни места во детските градинки.