Финални разговори за изборното законодавство во Клубот на пратениците
Во Клубот на пратениците денеска продолжија разговорите за измени на изборното законодавство во согласност со договорот од Пржино. На средбата присуствуваат преставници на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, европскиот посредник Питер Ванхауте, како и евроамбасадорот Аиво Орав.
Белгискиот експерт Ванхауте пред средбата изрази очекување дека до полноќ или до раните утрински часови ќе биде постигнат договор. Исто така очекува на средбата да се приклучат и лидерите на партиите.
Претходно во изјава за медиумите лидерот на СДСМ Зоран Заев потврди дека бил повикан да присуствува на средбата.
Во разговорите денеска учествуваат Никола Попоски, Никола Тодоров и Силвана Бонева како претставници на ВМРО ДПМНЕ, а Дамјан Манчевски, Оливер Спасов и Цветанка Иванова од СДСМ.
Од албанските партии присутни се Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.
Ванхауте денеска пред Клубот го пречекаа претставнички на Македонското женско лоби, кои му доставија документи со барање до сите учесници во преговорите за зголемување на квотата на жените во Изборниот законик. Тие бараат 40 отсто од политичарите да бидат жени, вклучувајќи ги во изборите за кандидати за градоначалници и останатите функции.
Ново на Сител
-
Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
-
МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп - Градско
-
Црна Гора го одбележува Денот на независноста
-
Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија
-
Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето
-
Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули
-
Заврши соработката меѓу Работнички и Станиќ
-
Аморим: Освојувањето на Лигата на Европа нема да ги реши нашите проблеми