-->
-->
Финале за Јотовски на фјучрсот во Скопје
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа во конкуренција на двојки да избори пласман во финалето ан првиот фјучрс во Скопје. Тој вечерва заедно со Александар Лазов од Бугарија по голема борба особено во вториот сет ги победија Љубомир Целебиќ и Давиде Мелкиоре.
Во првиот сет Јотовски и Лазов беа подобри со 6:3 во гемови, додека во вториот сет се водеше голема борба и дури во тај брекот беше решен сетот со 14:12.
Утре во финалето Јотовски и Лазов ќе играат против Небојша Периќ и Данило Петровиќ од Србија, кои со 6:2 и 7:5 ги победија Лени Хампел и Данило Калиниченко.
Утре финалето во игра на двојки се игра во попладневните часови, но не пред 18 часот.
Сигл полуфиналните дуели почнуваат од 15 часот:
Данило Петровиќ - Клаудио Фортуна и Александре Милер - Лени Хампел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Патот Крива Паланка - Деве Баир во прекин поради одрон
-

Белата куќа: Јужна Африка ги поткопува принципите на Г20 со тоа што не го предава претседателството на САД
-

Потпретседателот на Собранието Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа
-

Во Словенија референдум за асистирано самоубиство
-

Предвремени претседателски избори во Република Српска
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
