Филмскиот фестивал „Џифони патува“ два дена во Струмица

По завршувањето на Филомскиот фестивал за млади Џифони Македонија во Скопје, продолжува патувачкиот дел во помалите градови низ Македонија под наслов „Џифони патува“.
На 14 и 15 ноември во Струмица ќе се одржи Фестивалот за млади „Џифони патува во Струмица“ на кој присуствуваат околу 600 ученици. Фестивалот ќе го отвори градоначалникот на Струмица г-дин Коста Јаневски, а потоа во текот на двата дена младите ученици ќе го гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерката Оливера Аризанова Мансбарт, која ќе биде и ментор на актерската работилница.
Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. На овој начин и младите од помалите градови каде најчесто не постои можност за гледање на филмови во кино сала, ќе можат барем за кратко да ја осетат магијата на филмот. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.
Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Велес и Италијанската амбасада во Скопје.
Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп, а до крајот на оваа година ќе продолжи во Кочани, Струга и Гостивар.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти
-

Директорот на Агенцијата за финансиска фатен како зема мито од 400 евра, финалната сума требало да биде 50.000 евра
-

Песков: Пауза во преговорите со Украина
-

Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути, ремонт и на делницата Драчево-Илинден за раст на товарниот сообраќај
-

Кокаин, 488 стебла канабис и цел арсенал оружје пронајден кај 48-годишник од Подмоље
-

Извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените во угостителски објект во Скопје
-

Приведени две лица во Кавадарци, под дејство на алкохол агресивно се однесувале кон полициски службеници
-

Мицкоски: За рекордно време успеавме да ги мобилизираме сите капацитети и започнеме со чистење на Град Скопје
