Филмот „Кога денот немаше име“ на фестивали во Сиднеј и Ерусалим
„Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар-Митевска во јуни ќе биде прикажан на филмскиот фестивал во Сиднеј, а во јули и на фестивалот во Ерусалим.
Во Австралија ќе има две проекции, утре и на 11 јуни како дел од програмата Европски гласови од десет жени режисери, организирана од ЕФП и Сиднејскиот филмски фестивал. Програмата е поддржана од интернационалното списание за филм Screen International во кое се најавени сите филмови и нивните режисери.
- Теона Стругар-Митевска е во Сиднеј каде што ќе го претстави филмот и ќе биде дел од конференцијата која фестивалот ја организира со фокус на новите визии на жени режисери од Европа. Овој проект е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, соопшти Продукција Митевски.
Во Ерусалим филмот двапати ќе биде прикажан во селекцијата Панорама за време на фестивалот кој ќе се одржува од 13-ти до 23 јули. Тој е еден од најстарите и најпрестижните во светот. Продукцијата соопшти дека тоа ќе биде второ претставување на Теона на овој фестивал на кој учествуваше и со филмот „Јас сум од Титов Велес“.
- Агентот за продажба на филмот успеа да го дистрибуира филмот во Азија. Серкамон го продаде „Кога денот немаше име“ за кино, видео и дигитална дистрибуција во Сингапур, Малезија, Виетнам, Камбоџа, Лаос, Индонезија, Филипини, Источен Тимор. По преговорите на канската проекција на маркетот, за европската дистрибуција преговорите се во тек, соопшти Продукција Митевски.
Ново на Сител
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит
-
Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања
-
Приведени крадци, одземеното возило вратено на сопственикот
-
Државен завод за ревизија: Неефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот
-
Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ
-
Костадиновска Стојчевска поднесе претставка против Африм Гаши бидејќи прво ја прочитал заклетвата на албански
-
Советот на Општина Аеродром го донесе деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче
-
Приведен криминалец баран по централна потерница, осуден на 10 години затвор