Македонија
17. јуни 2017 - 9:44

Филмот „Ќе дојдат децата“ ќе се натпреварува за наградата Голден Гоблет во Шангај

Краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска ќе биде прикажан на 20-тото издание на Шангај Филм Фестивал што од денеска до 26 овој месец ќе се одржува во Кина.

Филмот на Јакимска е во официјална селекција и ќе се натпреварува за престижната награда Голден Гоблет.

„Ќе дојдат децата“ е базиран на македонскиот фолклор и раскажува приказна за Велика, млада учителка која е испратена во едно планинско село да предава.

Улогите ги толкуваат Наташа Петровиќ, Шенка Колозова и Владимир Петков – Шкаља.

Филмот е во продукција на КРУГ Филм, а финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.