Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
Филков чека одговори од СДСМ за законите што се дел од реформската ЕУ агенда, а кои веќе ги има изработено министерствотот за првада. Првата работна средба за правосдуство, која е резлутат на лидерската Мицкоски – Филипче, била куса, но работна, вели тој. Иако на министерот не му се допадна што Чупеска и Михајлова се претставнички на СДСМ во оваа група, тој сепак во петокот реферирал пред опозиционерите за законите.
Законот за судскиот совет се уште е пред Венецијанската комисија. Клучни се измените за разрешување на претседателот на Советот по образложен предлог на најмалку 4 членови од ова тело. За прв пат ќе се дефинира и поимот истакнат правник, како услов за стапување на функцијата. Тоа би бил правник со над 15 години работно искуство, или професор по право со над 7 години работно искуство.
Интегритетот ќе се докажува со три препораки од професори, судии или адвокати.
Филков вели дека не се доцни со судските закони, што според реформската агенда треба да бидат донесени до јуни 2025 година.
Се подготвуваат и брзите измени на Кривичниот законик во делот на „безбеден град“ за безобзирно управување со моторно возило, како и за исправка на претходните измени за скратување на рокот на застареност. Целосно новиот кривичен законик пак, е во работна верзија, но тој треба да се донесе до крајот на годината.
Она што би можело да се доцни е Изборниот законик бидејки, според Филков, тој зависи директно од волјата на партиите кои во наредните две недели ќе треба да седнат и да ги договорат измените согласно препораките на ОДИХР. Една изборна единица не е на маса, а исто така ни препораката на Уставен да се врати понискиот праг за кандидариање на независни градоначланици и советници.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар