Филипинската армија го зајакна притсокот врз исламистите, досега има над 300 жртви
Филипинската армија го зајакна вчера со воздушни и артилериски напади притисокот врз исламистичките борци, кои се расоредени во голем број квартови на јужниот град Марави, а над 300 лица загинале во борбите за период од околу еден месец.
Оган и чад надвиснува над зоните под контрола на бунтовниците, кои беа гаѓани со ракети и проектили со цел да се протераат од овие области.
Војниците против исламистите користеле хеликоптери Ем Џи 520 и борбени авиони Еф Еј 50. Од централниот дел на земјата е испратено засилувања од 400 лица.
Стотици бунтовници, потпомогнати според властите од странски борци, упаднаа на 23 мај во Марави, најголемиот муслимански град на Филипините, земја со претежно христијанско население и ги разворија знамиња на Исламска држава.
Властите го опишаа нападот како обид да биде прогласен исламистички калифат во регионот.
Претседателот Родриго Дутерте прогласи воена состојба на целиот јужен остров Минданао.
Според податоците на Владата до моментов во битките загинале 329 лица - 225 бунтовници, 59 војници и 26 цивили. Останатите 19 жртви биле раселени лица, кои починале од дехидрација поради дијареа, прецизира Муџив Катами од локалните власти.
Од Марави и околината се евакуирани над 309. 000 лица, соопшти Владата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван