Филипче: Зелениот пасош ќе важи и за вакцинираните во Србија
Зелениот пасош за граѓаните на Северна Македонија кои се вакцинирале против коронавирусот, ќе важи и за оние граѓани кои се вакцинираа во Република Србија, посочи министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање и додаде дека се што треба да се направи е да се најават на апликацијата и да се испрати електронска пошта со нивни податоци, а кју-ар кодот на сертификатот, што е добиен од која било држава се скенира.
-Кју ар кодот ќе биде генериран и видлив во апликацијата и сите други кју-ар кодови наменети за ПЦР тестирања, од следната недела. За време на престојниот викенд и следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот на Мој Термин што треба акредитираните лаборатории да издадат како свој документ за да на таа апликација може да има код, што ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест што ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата, објасни министерот Филипче.
На прашањето каде би бил валиден зелениот пасош и дали македонските граѓани ќе можат да патуваат во Европа со него, Филипче истакна дека е важно да имаат пристап од документите што се доказ дека лицето поседува имунитет, односно ПЦР тест, документ за вакцинација или тест за антитела.
-Важно е освен документи во хартиена форма да имаме и апликација за што и да биде побарано од нашите граѓани при патување во која било земја ние да бидеме подготвени, додаде Филипче.
Тој посочи дека македонскиот зелен пасош е усогласен со критериумите на европскиот зелен пасош, односно се води по критериум на Комон пас апликацијата, што е најшироко прифатена и на аеродромите и земјите членки во Европската Унија.
Ново на Сител
-

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
-

Пентагон размислува да повлече речиси една третина од американските сили од Европа и да ги распореди во Кина и Иран
-

Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – Се воведува сидрена цена
-

Сончево со локална облачност
