Филипче за Сител: Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во изјава за Телевизија Сител истакна дека ние сме една од ретките земји која целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени.
„Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење на маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува. Единствена дополнителна мерка која може да дојде во предвид во даден момент, индикација за тоа дали да се воведе дополнителна мерка, а тоа е рестрикција во движење се окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети. Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, потенцираше Филипче и додаде дека имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе бидат на располагање.
Ново на Сител
-
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии
-
Србија и Унгарија потпишаа договор за одбранбена соработка, Вучиќ најави и воен сојуз
-
Тетовчанка за 7.000 евра го уценувала својот вонбрачен партнер за да не го открие на неговата сопруга
-
Возач на автобус прегазил 51-годишник кој управувал со тротинет, па го напуштил местото на настанот
-
Двајца гостиварчани лажно пријавиле дека доживеале сообраќајка