Македонија
4. јуни 2021 - 12:00

Филипче: Во наредните седум дена очекуваме 500.000 дози од кинеската вакцина „Синовак“

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека вчера од Амбасадата на Народна Република Кина било најавено дека во следните седум дена треба да пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“.

– Секој понеделник пристигнува пратка на вакцините „Фајзер“ и тоа е согласно нашиот билатерален договор, дополнет со количината која доаѓа преку системот за солидарност на земјите членки на ЕУ, тоа се околу 10.000 вакцини. Веројатно и следните недели ќе биде таа количина. Дополнително, во јуни треба да пристигнат околу 100.000 вакцини преку КОВАКС механизмот. Сè уште немаме точен датум и динамика на пристигнување на вакцините. За руските вакцини уште немаме информации кога треба да ги очекуваме, соопшти Филипче.