Филипче: Во дебатата за новиот Клинички центар ја вклучуваме и опозицијата
Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев разговараа со пратеници од македонското Собрание за можните локации за изградба на нов Универзитетски клинички центар.
Од Министерството за здравство велат дека целта е да се вклучи и опозицијата во дебатата, а средбата се одржала вчера попладне во македонското Собрание. Биле презентирани предложените локации со цел да се разгледаат сите можни аспекти за да се најде соодветна местоположба за објектот.
– За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот Клинички центар. Потребна е координација, интерактивно и усогласено функционирање, истакнал Филипче.
Во соопштението испратено од Министерството за здравство се наведува дека локацијата за новиот Универзитетски клинички центар треба да биде транспортно пристапна, лесно достапна на граѓаните, економски оправдана, настроена кон животната околина и по можност досега не користена за претходен урбан развој.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија
-
Ердоган повторно повика на нов устав
-
Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп
-
Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори
-
Трамп: Ќе ставам крај на сексуалното осакатување на децата на првиот ден на мандатот