Филипче: Вакцинирајте се да се вратиме во нормала
- Пандемијата донесе тага, ги испразни училишните клупи. Драстично ни го промени животот. Вакцинирајте се за да се вратиме во нормала, само така се заштитувате себеси, кажа Филипче на денешната прес- конференција на која со премиерот Заев ја претставија кампањата „Вакцинирај се“.
Министерот уште еднаш објасни дека подолготраен е имунитетот што ќе се добие при вакцинација.
-Нема дилема дека антителата еден одреден период штитат. Но, суштината е дека имунитетот од вакцината е поефикасен. Граѓаните треба да се стекнат со подолготраен имунитет и да го заштитиме здравствениот систем.Препораките од нашиот комитет се должат на повеќе студии. Траен имунитет е вакциналниот имунитет. Убеден сум дека ќе го издржиме овој бран, ако треба ќе се организираме дополнително, истакна Филипче /
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
-

Велики Петок - Создателот пострада за своето создание, за да го спаси и да му ги искупи гревовите
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
