Филипче: Учениците можат да се вратат во училиштата, протоколите за новата учебна година се речиси готови
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека децата можат да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година.
– Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели, изјави Филипче.
Тој соопшти дека со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.
Министерот Филипче вели дека одлуката на Бирото за развој на образованието да не се делат сега свидетелства на учениците оти нема услови, не е донесена во координација со министерството.
– Свидетелствата можат да се делат во дворовите. Се што може да се организира надворешни услови, може да се направи, смета Филипче.
Ново на Сител
-
Зголемен прометот во индустријата
-
Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари
-
Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд
-
Нетанјаху: Трамп ме покани во Белата куќа
-
Вучиќ: Рубио побара средба со мене, верувам дека е можно да се реши прашањето за царините
-
Фон дер Лајен му вети на Трамп дека ЕУ ќе престане да купува руска нафта и гас
-
Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди
-
Состојба на патишта