Филипче: Сите пациенти со рак на дојка имаат терапија, и во услови на Ковид-19 имаат пристап до здравствени услуги
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на 12. розова прошетка наречена „Напред розово“ во организација на Здружението „Борка - За секој нов ден“, која оваа година е наречена и „Race for the cure“.
Во изјава за медиумите, министерот Филипче истакна дека денеска се одбележуваат и три години од одличната соработка со Здружението Борка, години во кои заеднички во инклузивен процес се работи на подобрување на здравствената услуга за пациентите кои имаат малигна болест.
„Во изминатите 3 години, значајно се зголеми бројот на биолошки лекови, најмодерна терапија за овие пациенти. До пред 3 години огромен број од нив се праќаа во странство да ја добијат оваа терапија, а сега нема пациент којшто има некаква онколошка дијагноза, а за кој нема терапија во нашата земја. За пациентките со карцином на дојка има и прволиниска и второлиниска терапија. Со фондот работевме на тоа да се зголеми и пристапот кон ортопедските помагала, така да сега има и градник. Во периодот којшто доаѓа ќе работиме на тоа да се обезбеди и соодветната ракавица. Сакам да им честитам на енергијата со којашто се вложуваат во оваа работа, тие коишто ја преживеале оваа малигна болест се секогаш на располагање да споделат искуство и да ги поддржат и другите пациенти и пациентки коишто во овој момент имаат проблем“, потенцираше министерот и додаде во заедничка соработка се воведе и психолошка поддршка на Клиниката за онкологија.
Тој инфомираше дека посебно во овој период, во здравствената криза со ковид-19, не застанаа здравствените услуги за пациентите коишто имаат потреба од итна хируршка или било каква друга здравствена интервенција, како и за пациентите со малигна болест.
Во присуство на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, министерот Филипче се заблагодари на континуираната поддршка на Амбасадата на САД, лично на амбасадорката Брнз, од почетокот на оваа криза тие беа едни од првите амбасади коишто дадоа помош на Министерството за здравство.
Борка за првпат е една од полноправните членови на „Think pink“, најголемата европска организација. Денеска во 11:00 часот 33 земји имаа заеднички, синхронизирани настани по повод одбележувањето на месецот октомври и подигнување на свеста за борба против ракот на дојка.
„Навистина сме среќни што успеавме и ние во Борка да го децентирализираме настанот. Во исто време Борките прават настани во 14 останати градови низ нашата земја и навистина сме среќни што можеме повторно да потенцираме дека ковид не смее да претставува проблем за да се запрат дијагностичките процедури за да се запре квалитетните услуги кои граѓаните треба да ги добијат, особено оние кои се најпогодени - пациентите со рак“, рече претседателката на Здружението Биба Додева.
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни