Филипче: Само вакцинирани сме заштитени од новите соеви
Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека само вакцинирани може да бидеме заштитени од новите соеви на вирусот.
- Само вакцинирани може да бидеме заштитени од новите соеви на вирусот. Сите стручни светски анализи покажуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни да не заштитат од развој на тешка форма на болеста. Делта (индиски) сојот е присутен во околу 100 земји во светот, оттука ние како држава не може да бидеме изземени тој да се рашири и кај нас. Состојбата во нашата земја, гледано од епидемиолошки аспект засега е мирна, секојдневно се следи ситуацијата и се прават анализи на истата. Сепак, делта сојот има висока преносливост, оттука важно е граѓаните масовно да се вакцинираат, напиша Филипче.
Министерот додава и дека од понеделник 12 јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација така што вакцините ќе бидат достапни до секого и секаде.
Ново на Сител
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот