Филипче: Разговараме сите во регионот во еден момент да ги отвориме границите без PSR тестови

Разговараме сите во регионот во еден момент да ги отвориме границите со една изедначена политика во однос на PSR тестовите. Идејата е да се отворат границите без PSR тестови, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со тоа дали македонските граѓани ќе можат да излезат од границите во регионот.
– Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција ќе заземеме заедничи став. Комуникацијата се базира на тоа дека превентивните мерки треба да се почитуваат, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашање по настанот на Здружението „Борка – за секој нов ден“ по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure“.
Во врска со синоќешниот културен настан „Бела ноќ“ посочи дека нивните информации се дека мерките се почитувале во рамките на организацијата, значи гостите седеле согласно порепораките столчињата биле на соодветна дистанца, но мерките не се почитувале надвор од организираниот простор.
– Во таа смисла најавивме претходните денови дека ќе преземеме и дополнителни рестриктивни мерки, а една од нив е целосна забрана за настани, ако видиме дека ова ќе продолжи. Многу земји во светот ги откажуваат настаните и концертите за практично цела 2021 година, стравувајќи од непочитување на мерките. Интензивно ќе следиме и ќе видиме што ќе преземеме, додаде Филипче.
Ново на Сител
-

Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-

ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-

Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-

Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-

Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски до Вреди: Нема да ја заборавиме жртвата која ја дадовме на овие избори, а за возврат не добивме ништо
-

Мециновиќ најавува конкретни решенија за отпадот во Скопје
