Филипче: Процентот на починати предвремено родени деца за две години е намален за 50 отсто
За помалку од 2 години процентот на починати предвремено родени бебиња го намаливме за 50%. Тоа е доказ дека политиките на СДСМ во здравството се реални и се темелат на добри анализи и даваат одлични резултати.
Во 2016 година промилот на предвремено родените бебиња коишто починале во раниот неонатален период бил 7,5 промили, во доенечкиот период 12 промили и во перинаталниот период 14 промили, сите овие се далеку над европскиот просек.
Тоа е доказ дека политиките коишто ги водеше ВМРО-ДПМНЕ во здравството беше нереална и инвестиции во непотребни работи, и во светот на неонаталогијата ќе остане запаметена како две бебиња во еден инкубатор.
Тоа што ние го правиме е вистинска инвестиција, прво се надгради знаењето на персоналот коишто работат на интезивната нега, донесовме експертиза од странство – доктори од реномирани европски центри.
Се воведоа бројни протоколи за работа како што се во сите развиени светски и европски болници. Се примија голем број на доктори и медицински сестри, и сериозно го намалија дефицитот на неонатолози и педијатри коишто работата во овие одделенија.
Се спроведе посебна обука заедно со експерти од —– и заедно со експерти од Холандија и Германија, коишто работеа на класифицирање на нашите одделенија. Оваа експертиза понатаму се прошири преку специјални обуки на неонатолозите, гинеколозите и акушерите коишто работат на сите родилишта во нашата земја.
Се купи опрема, владата инвестираше 20 инкубатори со цел секое дете биде сместено во посебен инкубатор.
Се инвестираше многу сериозно во нова опрема којашто значително го подобри квалитетот на третман на предвремено родените бебиња, тоа се апарати за неинвазивна вентилација, апарати кои ја поддржуваат белодробната функција кај најмалите бебиња којшто се родени со исклучително мала тежина.
Денес, споредено со 2016 година, раниот неонатален морталитет падне од 7,5 на 3,5 промили. Доенечката смртност од 12 на 6 промили, и вкупниот перинатален морталитет од 14 на 10 промили.
Ова е доказ како се водат здравствените политики. Добро планирано, со добра анализа и со инверстирање таму каде што треба. Пред се во кадарот, опремата и инфраструктурата.
Со ваквите политики СДСМ ќе продолжи и во иднина, се со цел да го приближиме нашето здравство што повеќе до европското и светски развиеното здравство.
Ново на Сител
-
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје
-
Полицаецот кој спречи девојка да се самоубие во Тетово повреден е од ножот кој го држела во рака, Тошковски ќе го награди
-
Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд, учесници на младинските олимписки игри
-
Последиците од пожарот во Езерани | ВИДЕО
-
Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни
-
До недела многу топло, до 43 степени
-
Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата
-
Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои во 2017 година