Филипче: Почнаа координативните состаноци за отпочнување на шестата трансплантација од починат донор
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека денеска во раните утрински часови започнале координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор.
Во текот на вчерашниот ден, посочува министерот, болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите.
– Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот. Уште една млада пациентка се подготвува да прими бубрег. Станува збор за исклучително тешки операции, на моите колеги им посакувам многу успех во работата. Дополнително од донорот ќе бидат експлантирани и коскени ткива. Голема благодарност до семејството за нивниот хуман гест. Да се мисли да се спаси туѓ живот во моменти кога се губи животот на најблискиот е храброст и човечност кои немаат цена, напиша Филипче.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
