Филипче: Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот
Единствениот начин да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски е преку целосно придржување на мерките – задолжителна употреба на заштитна маска на лицето, физичка дистанца и често миење на рацете, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Апелира сите да ги почитуваат тие три правила за да може да ја надминеме состојбата со здравствената криза од КОВИД -19. – Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот. Само заеднички може да успееме во оваа битка и само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Од самите нас зависи. Да бидеме одговорни граѓани и да не се групираме, рече министерот Филипче.
При секое излегување надвор, истакнува, да се придржуваме во мерките – растојание од два метра во затворени и отворени јавни простори.
-Да не се групираме повеќе од две лица, пришто од група од двајца не се вбројуваат и деца под 14 години на тие лица. Задолжително е носење на маска, марама, шал во сите затворени простори. Заштитна маска се носи и надвор кога не сме во можност да ја одржиме потребната дистанца од два метра, укажува министерот за здравство.
Ново на Сител
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година
-
Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово