Филипче: Офталмологија и оторинголарингологија почнуваат со редовна работа
Од следната недела во функција се враќаат повеќе одделенија, офталмологија и оториноларингологија почнуваат со редовна работа, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Од анализите што се прават во МАНУ дали има дополнителни мутации на вирусот кај последните новодијагностицирани ковид случаи, како и целосната епидемиолошка состојба, ќе зависат идните мерки.
-Кај нас досега се детектирани осум соја на вирусот Ковид-19 направено е генетско секвенционирање во лабораторијата во МАНУ, од последните летни месеци па наваму преовладуваат два соја, меѓутоа во овој момент се прави генетско секвенционирање и анализи на вирусот од последните две недели за да видиме дали има некаква мутација којашто е можеби слична на онаа што ја има во Велика Британија. Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација на последните новодијагностицирани случаи во последните две недели, рече вечерва Филипче во гостување на ТВ Сител.
Имаме, потенцираше, значаен пад на новодијагостицирани случаи што значи дека мерките од пред неколку месеци дадоа резултат и мора да се изрази благодарност и до граѓаните кои ги почитуваа превентивните мерки.
-Сега сме во период во кој ќе треба да видиме и процениме што понатаму. Болниците се навистина подиспразнети, повеќе од 50 проценти од капацитетите на болниците ширум државата се празни, првпат после сериозно долг временски период и на Инфективната клиника има слободни кревети. Од следната недела во функција се враќаат повеќе одделенија, офталмологија и оториноларингологија почнуваат со редовна работа, така што ние сме во стабилна ситуација, но тоа не значи дека треба да бидеме помалку внимателни, укажа Филипче.
Во спротивно, предупреди, би можеле да се соочиме со трет бран иако засега нема такви знаци и ситуацијата е стабилна.
Ново на Сител
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
-
Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп
-
Истражителите сметаат дека смртта на Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“
-
Организирале борба со кучиња - уапсени три лица во тетовско
-
Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет