Филипче: Одлуката на Србија да ги отвори границите можеби е избрзана

Како што соопшти неодамна српската премиерка Ана Брнабиќ, од 1 јуни Србија воведува либерализиран режим на поминување на границите. Истиот ќе важи за Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија, а ќе значи дека граѓаните ќе можат да ги поминуваат границите без да имаат негативен тест за коронавирус.
Според министерот за здравство Венко Филипче, оваа одлука на Србија можеби е избрзана и може да ја загpoзи бopбата против коронавирусот кај нејзините соседи, вклучително и Македонија:
„Отворањето на границите во Србија може да се покаже како избрзана одлука и со тоа да се загрозат националните стратегии на земјите“, рече тој, додавајќи дека наскоро се очекува и Грција да го објави и достави документот за начинот на кој ќе се одвива движењето преку границите.
Ново на Сител
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
-

Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници
-

Променливо време со ниски утрински температури
-

Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови
-

Дизелот поевтинува за 4,5 денари, а цената на бензините се зголемува за денар по литар
-

Приведени повеќе лица осомничени за дела од областа на тероризмот - Акција на повеќе локации во Скопје
-

„Безбеден град“ овозможува електронско плаќање на сообраќајни прекршоци за возила со странски регистарски ознаки
