Филипче: Од семејни прослави во Охрид и Скопје досега вкупно 22 позитивни на Ковид-19
Во Охрид од присутните на семејна прослава со околу 200 лица досега се регистирани осум позитивни на Ковид-19, а 40 контакти се во изолација, додека од семејна прослава (свадба) во Скопје каде имало стотина присутни досега се потврдени 14 позитивни, голем проблем на епидемиолозите и инспекторите на ДСЗИ им создава во овој случај несоработка на пристните на таа прослава, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој соопшти дека од вработените во седумте штипски конфекции, што досега беа идентификувани како ризични, се земени 778 бриса, при што се потврдени 126 позитивни, хоспитализирани се 24, а другите се во самоизолација. Од ДСЗИ се издадени 400 решенија за самоизолација на лица што биле во контакт со инфицираните
– Откако се направи овој пристап тестирање и изолација на сите контакти, состојбата во Штип и тетовско постепено се смирува. Останува Скопје, особено Чаир каде има најмногу случаи. Се уште се евидентираат прекршување на мерките. Во контекст на ова се засилени контролите согласно координативните состаноци, вели Филипче.
Овој бран, вели тој, се уште трае иако две од четирите големи жаришта полека спласнуаат.
– Постепено со спласнувањето на Штип и тетовсо, концентрирани сме на сузбивање на преносот на заразата тука во Скопје. Препораките остануваат исти и барам да се почитуваат од сите граѓани. Пред нас е долга битка, рече Филипче.
Тој апелира пациентите во контакт со епидемиолозите да кажуваат точни податоци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот