Филипче од Прилеп: Не смееме да чекаме судбината да ни биде иднина, мораме храбро да продолжиме со уште поголем ентузијазам
„Најголемиот и најсилниот камен темелник на нашата прва парламентарна држава е поставен од жртвите што ги даде слободарскиот Прилеп. Возвишено е чувството, денеска, на 11 октомври, да се биде овде“, се обрати на присутните потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој упати благодарност до потомците на народните херои, загинатите семејства и учесниците во Народноолободителната војна, до сите прилепчани, но и до цел македонски народ и порача дека нашата „мирновременска“ борба не е завршена и сè уште не сме го исполните наследениот аманет до крај.
„Нѐ чека макотрпна работа. Не смееме да чекаме судбината да ни биде иднина, туку мораме храбро да продолжиме со уште поголем ентузијазам за да создадеме поквалитетен, послободен и побогат живот за идните генерации, да бидеме целосно интегрирани со Европа каде и цивилизациски и културно и географски припаѓаме. Не е точно дека ние само нешто бараме од Европа, ние имаме многу што да им понудиме на нашите сојузници“, истакна Филипче, напоменувајќи дека градењето на државноста треба да се продолжи преку изградба на повисок животен стандард, хуман простор за живеење, со чиста човечка околина, со современи училишта, модерна инфраструктура, профитабилни компании и технолошки напредно земјоделство.
Потпретседателот на СДСМ посочи дека наша должност е на веќе изградените темели на државата да го оствариме сонот на претходниците, стоејќи на праведната страна на историјата, оставајќи ги настрана лажниот патриотизам, блокадите и омразата.ж
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
-

Русија ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран, саботирајќи ги дипломатските напори
-

Хегсет: Нападот врз Иран не е за промена на режимот туку да се уништи заканата
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
-

Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани
-

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“
-

Родилка почина по царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство
