Македонија
1. January 2022 - 13:31

Филипче објави фотографии со Михаил и Теодора – првите бебиња родени на ГАК

Михаил и Теодора се првите бебиња кои се родија на Универзитетската клиника ГАК во Скопје.

-Михаил се роди во 00:01 часот и е само една минута постар од Теодора. Двете бебиња се родија здрави, и се чувствуваат добро, како и нивните мајки. На малите им посакувам многу здравје, да бидат најголемата гордост и среќа на нивните родители. На семејствата Стошиќ и Петровски им ја честитам Нова Година поубаво не можеше да почне, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук објавувајќи фотографии со бебињата.