Филипче: Новиот термин за изградбата на новиот објект на Клиничката болница-Штип е средината на 2020 година
Средината на 2020 година е новиот термин кога ќе биде изграден новиот објект на Клиничката болница во Штип, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета и средба со раководството на болницата.
Ова е ново пролонгирање на рокот за изградбата и тоа дополнително за една година. Откако денеска ќе ја скинираат состојбата на терен ќе се прави нов динамички план, а ќе треба и да се утврди и кога ќе се набавува новата опрема за овој објект.
– Ние сме во секојдневен контакт со луѓето со кои имаме потпишано договор од страна на Министерството за здравство, а тоа е фирмата Интеркарт од Грција, со која имаме потпишано договор и која има одредени проблеми во соработката со штипски Бетон. Но, според последните информации тие нашле соодветно решение и токму затоа сега сакаме да се увериме на терен сега како стојат работите, кои работници се тука за да некаде во следната недела сите прашања во однос на новиот динамичен план, ние ги финализираме, вели Филипче.
Прашан дали по отворањето на истрагата за сопствениците на дијализните центри во земјава ќе има проблеми со нивното функционирање, Филипче истакна дека направена е проверка во сите дијализни центри и тие нормално функционираат.
-Нема никаков проблем во однос на исплатата на платите на вработените, ниту во техничката изведба во делот на дијализата со пациентите, а за се друго не би сакал да коментирам со оглед на тоа што очигледно се води истрага од страна на обвинителството, вели Филипче.
Засега немаат никакви информации дека би имало проблеми со работењето на дијализните центри во земјава, но доколку од терен добијат информации оти би можеле да имаат, министерот за здравство смета дека без проблеми државата ќе може да направи план, но и непречено да функционираат центрите за бубрежно болните пациенти.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.