Македонија
28. April 2021 - 14:50

Филипче: Нема ниту обид за провизии, ниту е нешто нелегално направено со кинеските вакцини

Нема ниту обид за провизии, ниту обид нешто да биде нелегално направено. Нема таква исплата од 12 милиони евра, тоа го проверува и ДКСК, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговорот на прашањето поставено на денешната седница за пратенички прашања од пратеникот од ВМРО–ДПМНЕ Петар Ристески во однос на набавката на вакцини од Кина.

Појасни дека процесот на набавка на вакцини бил комплексен за сите земји во светот, не само за нашата и сите имале слични карактеристики, сите компании, производители, сите меѓународни системи и меѓународни институции, а тоа, подвлече Филипче, беше дека прво одеа според големината на пазарот и поантаму го запазуваа, по нивно инсистирање принципот на доверливост, нешто што не е невообичаено и во други делови, не само во здравството. Фармацевстките компании го задржаа ова право да ги имплементираат во сите земји во светот.

Повтори дека кога се обидувале да ги контактираат компанииите, многу од нив не одговарале, а на 30 декември кога Фајзер соопштиле дека ќе дозволи да направат договор, и после три месеци требало договорот да се финализира на нивно барање. Филипче подвлече дека такви биле постапките, процедурите и правилата што важат насекаде во светот. Информира дека многу компании им кажале оти не се согласуваат да дадат вакцини за големина на пазар како нашиот.

– Кинеските компании во еден момент не одговараа на повиците, затоа најдовме фирми што не донесоа до производителите и воопшто не се фантомски. Нема таква исплата од 12 милиони евра, тоа го проверува и ДКСК, ние сме отворени и транспарентни во таа соработка и немаме што да скриеме, рече Филипче, додавајќи оти нема ниту обид за провизии, ниту обид нешто да биде нелегално направено и за никакви разлики.

– За сите вакцини од сите производители, сите одлуки за доверливост на затворена седница ги носеше Владата, на барање на компаниите на производителите кои не скаа да ги откријат цените. Тоа е политика на тие компании, истакна министерот Филипче.

Уште еднаш повтори дека системот на вакцинација одлично се спровеудва на вакциналните пунктови низ државата и здравствените домови.