Македонија
17. March 2021 - 11:53

Филипче: Не е точно дека пациенти не се примаат во болниците

По информациите во медиумите вчера дека граѓани заразени со Ковид-19 чекаат и по 24 часа низ болничките ходници и не се примат во болниците, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека не е точно дека пациенти не се примаат во болниците.

„Апсолутно не е точно дека пациенти не се примаат, тоа не е вистина. Можно е да има чекање, можно е да се префрлаат или да се пренасочат од едно место на друго, но не е точно дека некој пациент не е примен“, порача Филипче.