Македонија
25. April 2025 - 16:45

Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата

Филипче одблиску ги следел превирањата во албанскиот владин партнер Вреди со Тараври, но не е ни изненаден од тоа што се случувало во владината коалиција бидејќи според него уште веднаш било очигледно дека владината коалиција не била функционална. Лидерот на СДСМ вели дека независно од распретот на таа ситуација, партијата е подготвена дури и за предвремемни избори доколку власта се реши на таков чекор.

И покрај критиките кон власта, Филипче вели дека останал на договореното со Мицкоски за работни групи меѓу власта и опозицијата во делот на реформската агенда за ЕУ. Формирана е и првата група за правосудството, а во наредните денови ќе бидат формирани групите и за останатите области.

Лидерот на СДСМ вели дека освен реформската агенда, засега нема никаква инцијатива за евентуални уставни измени поврзани со ЕУ-интеграцијата.