Филипче: Надополнувањето на медицинскиот кадар веднаш ќе се почувствува
Системот со надополнување на медициснкиот персонал многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се почувствува помошта од овие лекари, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Ќе се направат две групи на лекари, едни коишто ќе бидат на располагање за болничките установи во Скопје и друга група за дежурства во болниците ширум државата. Тие лекари ќе се вклучат во согласност и договор со координаторот на лекарите за Клиничкиот центар и со директорите на болничките установи ширум државата во системот на дежурства. Треба да се дежура 12 часа, од 20 часот навечер до 8 часот наутро. Разговаравме за некои технички детали во однос како во пресрет ќе излезе ФЗОМ во однос на решавање на финансиите, меѓутоа сметам дека овој систем многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се осети помошта од овие лекари. Практично надополнувањето на кадарот ќе може веднаш да се почувствува, истакна Филипче при примањето на донацијата во респираттори од НАТО.
Тој наведе дека оддделите во болницата „8 ми Септември“ се подготвени и кадарот е подготвен и е прашање на денови дали од денеска, викендов, или од почетокот на следната недела ќе почнат да функционираат, потенцирајќи дека сега актуелна болничка установа во којашто се примаат пациентите во Скопје е болницата во Козле.
– Денеска се работеше во Институтот за белодробни заболувања, пациентите се сместија во белодробната болница во Јасеново и дел на Клиниката за пулмологија, значи во Клиничкиот центар, Институтот за белодробни заболувања е следната институција, после Инфективната клиника, каде што ќе се сместуваат пацинетите понатаму, планот е во делот интерните одделечнија тоа што го најавивме во текот на вчерашниот ден, рече Филипче.
Ново на Сител
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
-

Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
-

Штетата од шумските пожари во 2025-та проценета на околу 50 милиони евра
-

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
-

Преглед на вестите од светот
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
