Филипче: Ќе се залагам СДСМ да донесе многу позитивни промени во општеството
На вчерашниот конгрес на СДСМ, актуелниот министер за здравство Венко Филипче беше избран за потпретседател на партијата.
„Искрено му благодарам на претседателот Зоран Заев и членството на СДСМ за дадената доверба да бидам потпретседател на партијата. Мотивиран од огромна и искрена желба за напредок на нашата држава, како потпретседател ќе се залагам СДСМ да донесе многу позитивни промени во општеството, а секој граѓанин да го почувствува тоа. Денешната поддршка што ја добив од моите сопартијци освен што ми даде голема енергија исто така е и огромна одговорност. Како дел од највисокиот одлучувачки орган на партијата секогаш ќе бидам на страната на граѓаните и ќе се залагам за унапредување на сите сфери од живеењето. За крај, и понатаму останувам целосно посветен на функцијата министер за здравство и битката со пандемијата“, напиша Филипче на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток