Филипче: Ќе продолжи превенцијата, сите поподготвени за следниот пик со коронавирусот
Очекувам наесен да има повторен пик на коронавирусот, заради тоа што тој нема да исчезне. Тогаш може да биде уште покомплексна ситуацијата, заради тоа што ќе имаме други пациенти со сезонски грип кои ќе ги оптоварат сега истите одделенија што сега ги третираат овие пациенти, бидејќи тие се тие институции кои ги третираат ваквите пациенти. Не само ние, туку и цел свет ќе биде многу поподготвен при следниот пик, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Сериозно, посочи министерот, ќе се подготвиме и дополнително во овој период во кој се надеваме дека стивнува епидемијата во смисла на распределба на здравствени работници, капацитети, опрема итн., дека нема да биде, ниту може да биде ваква ситуација, каква што беше на почеток на оваа епидемија кога нормално никој не го очекуваше сето ова.
Потенцира дека во меѓупериодот во сите земји, а и кај нас, се надеваат дека овој тренд на намалување на пациентите ќе продолжи, но будно ќе го следат тоа дали при олабавување на мерките можеби ќе има некакво зголемување на бројот на пациентите, па тоа ќе значи дека дури и во летните месеци ќе треба да се воведе некаква рестрикција.
– Засега не знаеме. Останува само да ги следиме бројките, да правиме анализи и да видиме дали некои други фактори влијаат на ширење на вирусот. Премиерот на Грција го најавува објавувањето на мерките за тоа како ќе работат нивните хотелски капацитети, што може и како да прават во текот на летните месеци, ќе се отворат граници, ќе има патување, рече Филипче и додаде дека е сигурен оти повторно ќе има некакви мерки, согласно состанокот на сите земји – членки од европскиот регион на Светската здравствеа организација.
Според него, ниту патувањата ќе бидат исти, ниту густината на седење во превозните средства ќе биде иста. Појасни дека над 60 проценти од земјите во светот имаат воведено рестриктивни мерки и сега тие практично имаат намалување на бројот на заболени пациенти. Значи, нагласи, се свесни дека од такви рестриктивни мерки не се излегува нагло.
– Значи ќе се продолжи со некаква форма на превенција. Единствена заедничка работа после физичката дистанца е носењето на заштитни маски на устата и на носот. Така што, во таа смисла со такви превентивни мерки со соодветна организација и ова што ние кај нас го подготвуваме и ќе бидеме во еден период во кој и потенцијален следен пик може да биде уште поблаг, освен во земјите каде или немаа здравствени системи, капацитети или немаат доволно здравствени институции. СЗО стравува како ќе се одвива епидемијата во земјите во Африка, каде има огромна популација, а многу мал број болници, рече Филипче.
Како што оцени, ние сме држава која навреме воведе мерки, навремено се подготви и го стегна здравствениот систем, добро изреагира, има добри резултати и е на добар пат кон тоа да ги димензионира мерките така како што треба, целокупната друга економија да работи, а здравствениот систем паралелно да се соочи со некој друг пик, што заради сите овие мерки би бил уште поблаг.
Ново на Сител
-
Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море
-
Во Сенатот на САД поднесен предлог-закон за санкции против Турција поради Сирија
-
Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник врнежи од снег
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и на места со остатоци од кашест снег
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“