Филипче: Има и ќе има доволно количини од лекот Ивермектин
Има различни групи пациенти кај кои е индициран лекот Ивермектин. Тоа се три групи пациенти – едни за превенција, други кои биле во контакт со заболен од Ковид-19 и третата група на пациенти кои се заболени. Тоа е лек што ја намалува репликацијата на вирусот и не го суплимира имуниот одговор на клетката и практично тие резултати се многу бргу видливи после апликацијата. Битно е да не се зема на своја рака исклучиво со препорака и лекарски рецепт.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека има се повеќе количини од тој лек и ќе има доволно количини.
– Лекот си има свои препораки и свој протокол. Во нашата земја препораките се од стручните колегиуми на клиниките. На почетокот за повеќе лекови и се уште важечки се протоколите и од Клиниката за инфективни болести и доколку ги погледнете истите се преземени од Србија, од Хрватска итн. Едноставно тие протоколи така функционираат и нема тука што да се додаде или одземе заради тоа што се однесува само на еден лек. Доколку има несакан ефект се знае каква е постапката и процедурата со пријавување на несаканиот лек во Агенцијата за лекови, проверка од каде е тој лек и за тоа има еднаква процедура со години наназад и не важи само за Ивермектинот, рече Филипче.
На новинарско прашање дали и кога лекот што е замена на лекот Клексан, а за кој пациентите плаќаат по околу 4.000 денари, ќе биде на товар на Фондот за здравствено осигурување, тој најави дека уште денеска ќе организираат состанок со претставниците на Фондот.
– Количините на лекот Клексан во декември практично ги удвоивме, од 4.500 скатули што месечно се трошеа на осум, сега се целосно снабдени болниците и очекуваме овие денови да бидат снабдени и аптеките. Има и друга замена што не е од таа скапа орална терапија, меѓутоа ќе го разгледаме прашањето и за многу кратко време ќе одговориме. Нема да ги оставиме пациентите без лекови, тоа е сигурно, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки